Стратегот Кико Санчез Флорес по трет пат во својата кариера е назначен за тренер на прволигашот Хетафе, откако во понеделникот беше сменет Мичел по серијата од осум натпревари без победа.

На поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и Валенсија, Санчез Флорес, првиот тренерски ангажман му беше токму на клупата на Хетафе во 2005 година, а клубот повторно го презеде во 2015 година.

Неговата главна задача во третиот ангажман на клупата на Хетафе ќе биде да му обезбеди опстанок на клубот, кој по воведните осум кола е последнопласиран во Ла Лига со само еден бод.

OhridNews