Фудбалерот на Барселона, Алексис Санчез беше стрелец на двата погодоци во победата на неговата селекција Чиле против Англија 2-0 на „Вембли“. Санчез мрежата на „Гордиот албион“ ја погоди по еднаш во двете полувремиња.

Во преостанатите пријателски натпревари Италија и Германија ремизираа играјќи 1-1 со идентичен резултат заврши мечот меѓу Русија и Србија додека Данска ја совлада Норвешка 2-1.

Мх.П.