„Сандеј Тајмс“ излезе со тврдење дека амбициите на Русија кон Македонија пораснале и дека Москва најдиректно и порачала на македонската влада дека или ќе ја смени страната, т.е. ќе се приклучи на Русија, или ќе страда. „Македонија се најде под директен притисок минатиот месец од руските официјални лица да се оттргне од Западот или “ќе се соочи со одмазда”, пишува во најновиот број на „Сандеј тајмс“, потпишан од новинарот со македонско потекло Бојан Панчевски.
Како знак на растечките амбиции на Кремљ на Балкан, на членовите на Владата на Република Македонија и беа презентирани барањата на рускиот амбасадор да ја префрли својата лојалност кон Москва.
Оваа интервенција, според весникот, се случила во услови на кулминација на политичката криза, која довела до окупација на македонскиот Парламент две недели подоцна. “Русија нема потреба од Македонија, но Македонија не може да преживее без Русија”, тврдел амбасадорот Олег Шчербак.
OhridNews
извор Макфакс