По ремито со Манчестер Сити на „Етихад“ фудбалерите на Сандерленд успеаја да го покорат „Стемфорд Бриџ“ победувајќи го Челси 2-1. Со четирите бодови „црните мачки“ се вратија во игра за опстанок, а најмногу му помогнаа на Ливерпул во трката за титулата во Премиер лигата.
Резултати : Тотенхем – Фулам 3-1, Астон Вила – С`тон 0-0, Кардиф – Стоук 1-1, Њукасл – Свонси 1-2, Вест Хем – Кристал Палас 0-1, Челси – Сандерленд 1-2.
Табела : Ливерпул 77 (-1), Челси 75, Мен Сити 71, Арсенал 67…
Мх.П.