Сандерленд против Манчестер Сити ќе се сретнат во финалето од англискиот Капитал Куп кое ќе се одигра на Вебмли.


„Црните мачки“ на Олд Трафорд по изведување на пеналите го совладаа Манчестер Јунајтед 2-1 и обезбедија виза за финалето.

Регуларниот дел им припадна на „црвените ѓаволи“ 1-0, но во Англија не важи правилото гол во гости и мечот отиде во продолженија.

Кога сите очекуваа пенали во 119-та минута Бардсли со голема помош од Де Геа погоди за 1-1. Но, Јунајтед потсети на најдобрите денови и во следниот напад преку Чичарито поведе со 2-1 и го доби мечот.


Во пенал серијата која изобилуваше со промашување поснаодлив беше тимот на Сандерленд и против Манчестер Сити ќе се бори за трофејот во Капитал купот.

Мх.П.