Сане: Баерн е еден од фаворитите во Лигата на шампионите
26.12.21 15:16
Играчот од средниот ред на Баерн, Лерој Сане го сподели своето мислење за шансите на тимот да го освои германското првенство и Лигата на шампионите во сезоната 2021/2022.
Не сакаме некој да ни се доближи на табелата во Бундеслигата. Сакаме да станеме шампиони. Во Лигата на шампионите, како и обично, малите детали и условите за игра во одреден ден се клучни во ова натпреварување. Сè уште немам освоено трофеј, па затоа сум особено мотивиран. Што се однесува до фаворитите во Лигата на шампионите, во моментов мислам дека сме најсилни во Европа заедно со Манчестер сити, Ливерпул и Челзи. Но, треба да ни биде јасно дека формата на тимовите може брзо да се промени до крајот на сезоната, изјави Сане.
На 16 февруари Баерн ќе го одигра првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Салцбург. Реваншот ќе се одржи на 8 март.
ГРК Охрид денес и утре во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот куп Ракометарите се надеваат на победа во двата натп...
Очекувам тешки натпревари со литванскиот тим, затоа што ќе го играме нашиот трет и четврт меч во девет дена Исто така во два дена играме два натпревари Се надеваме дека на првиот натпревар можеме д...
Во сабота на „Билјанини Извори“ во рамки на 12 коло од 2 МФЛ ќе биде одиграно дерби помеѓу Охрид и Беласица Пред фудбалерите на Охрид е уште еден важен натпревар во борбата за пласман во Првата лиг...