Деновиве се очекува да заврши санацијата на еден од мостовите на улицата „Гоце Делчев“ во Урбаната заедница Воска-Далјан, која ја реализираше ЈП „Нискоградба“.

-Покрај санацијата на мостот се поставија и бехатон плочки околу мостот  во  должина од 60 метри. Санацијата на овој мост беше дел од годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности во делот на санација на оштетените мостови на територијата на општина Охрид, информираат од охридската локална самоуправа.

Оттаму најавуваат дека вакви и слични градежни активности за санација на оштетени мостови на територијата на општина Охрид се предвидени и во  Развојната програма 2015-2017 година.

OhridNews