Екипите на Македонија пат, по шест часа интезивна работа успешно го санираа одронот кој утрово околу 8 часот падна на локалниот пат Охрид-Св. Наум, кај хотелот Метропол.
– Екипите на Македонија пат веднаш по одронот кој се случи околу 8 часот излегоа на терен и за околу 6 часа успеаа да ја расчистат состојбата, така што сега патниот правец Охрид – Св. Наум е прооден за сообраќај, ни изјави Лазо Ставрески раководител на Македонија пат – подружница Охрид.
Македонија пат го санира одронот кај Метропол
фото: Емилио