Оштетената брана на Слатинско Езеро, е санирана соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Екипи на „Водостопанство Охридско Езеро“ извршиле санирање на оштетувањето на браната на езерото во село Слатино со поставување на вреќи со глина.

Исто така бил саниран и испустниот вентил од цевководот за наводнување, со што е оневозможено понатамошно квасење и поткопување на задниот дел од браната. Преземените активности се од времен карактер, а во меѓувреме се очекуваат технички решенија со цел да се изврши трајна санација на настанатите оштетувања на браната, информираат од Центарот за управување со кризи.

OhridNews