Екипите на ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа активности за уредување на спомен-обележјата и зелениот простор во нивна близина по налог на Општина Охрид.
Санирани се и исчистени бистите и спомен-плочите и извршено се соодветно хортикултурно уредување на околината, информираат од Општина Охрид.
Овие активности, се вели во соопштението, се дел од Програмата за работа на Одделението за култура.
Во иднина, согласно програмските активности и во соработка со јавните претпријатија предвидено е да бидат ревитализирани, санирани и обновени останатите споменици во надлежност на Локалната самоуправа, додаваат во соопштението.
OhridNews













