Во завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео кои започна пред околу еден месец, информираат од локалната самоуправа.

Изминатиов период,  надлежните служби од  ЈП „Градски гробишта“ работеа на санирање и реконструкција на потпорните ѕидови, а се изврши поправка на патеките кои од главниот пат во непосредна близина на црквата Св. Јован – Канео, водат кон плажите „Канео“ и „Потпеш“. Исто така, завршува и поплочувањето на  една  од  уличките, во должина од  35 метри.

Поплочувањето е благороден чин со оглед на тоа што вредните мајстори носат автентични камења од горниот дел на населбата и непосредно пред редењето рачно ги обликуваат.“ – велат од општина Охрид.

Инаку,  според предвидениот план на локалната самоуправа за уредување  на населбата Канео, старите улични канделабри и фенери треба да  бидат заменети со нови, кои ќе бидат во склад со спецификите на старото градско јадро.

OhridNews