Санирани заштитните огради на крстосниците на улицата „Туристичка“ информираат од Општина Охрид.

ЈП „Градски пазар“ деновиве реализираше активности за санација на полукружните заштитни огради од тротоарите на неколку локации на булевар „Туристичка“.

Извршена е поправка на оградите кои се поставени на крстосниците со улиците „Абас Емин“, „Македонски Просветители“ и „Јане Сандански“, велат во соопштението од Општина Охрид.

OhridNews