22 возачи во Охрид санкционирани за движење со брзина поголема од дозволената.
На 27.02.2022 година, при сообраќајни контроли извршени од 13 до 18 часот, полициски службеници во Охрид затекнале 22 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената. Од нив 14 надвор од населено место и 8 во населено место. При извршените контроли во Кичево, 19 возачи биле сопрени и санкционирани поради надминување на дозволената брзина во населено место, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












