Во текот на вчерашниот ден (17.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на цела држава. При акциската контрола, на територијата на СВР Охрид биле санкционирани 30 возачи од кои 15 во Охрид, 4 во  Струга,  3 во Кичево, и 8 во Дебар . информираат од МВР.


Вкупно на територија на цела држава во текот на вчерашниот ден се санкционирани 102 возачи за непрописно престигнување.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

OhridNews