Санкционирани 4 возачи во Охрид кои не дале предност на пешаци на пешачки премин.
На 18.02.2022 година од 12 до 17 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид, регистрирале и санкционирале 4 возачи кои не одстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Дополнително, затекнале 11 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, 1 надвор од населено место и 10 во населено место, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од СВР Охрид апелираат на совесно и одговорно учество во сообраќајот и придржување до сообраќајните правила и прописи.
OhridNews












