Санкциониран 21 возач на патнички моторни возила кои извршиле престигнување на недозволено место.

На 05.08.2021 година од 07 до 12 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници регистрирале и санкционирале 21 возач на патнички моторни возила кои извршиле престигнување на недозволено место (Охрид-07, Струга-06, Кичево-05, Дебар-03). Сообраќајните контроли кои и понатаму ќе бидат интензивни, се со цел доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот и зголемување на степенот на безбедност на патиштата велат од СВР Охрид.

Од СВР Охрид со апел до возачите на патнички и други моторни возила на крајна внимателност при управувањето со возилата и целосно придржување до поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација како основен предуслов за избегнување сообраќајни незгоди.

 

OhridNews