На 02.05.2022 година од 14 до 19 часот во Охрид извршени се сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли.
Притоа, поради сторени прекршоци, санкционирани се тројца возачи на мотоцикли, од кои еден е исклучен од сообраќај поради управување без возачка дозвола, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Сообраќајните контроли кон возачите на мотоцикли, додава Димоски, ќе бидат интензивирани со цел доследно придржување до законската одредба за поседување на соодветни собраќајни документи, носење заштитна опрема и другите законски одредби за безбедност во сообраќајот.
OhridNews












