Вчеравечер во периодот од 22 до 4 часот на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Кај шест возачи било утврдено дека управувале моторно возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се прекршочни платни налози, информираа од МВР.

OhridNews