Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 15.00 часот биле преземени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.

Полициските службеници затекнале 32 пешаци кои небезбедно преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премни или минувалиште од кои 16 во Охрид, 13 во Струга и 3 во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Против нив, додава Димоски, биле поднесени соодветни платни налози.

OhridNews