На 10/11.03.2023 година од 23 до 05 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале пет возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол.
Од нив еден во Охрид, двајца во Струга и двајца во Кичево. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












