Двајца самостојни инспектори во Секторот за внатрешни работи Охрид, добија казна „распоредување два степени пониско“ затоа што седеле во угостителски објект со адвокатот и синот на лицето каде што требало да извршат претрес. 

Парична казна, во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци,  му е изречена на  полицаец во Полициска станица од општа надлежност Охрид кој за време на боледување полагал испит.

Овие три решенија се дел од вкупно дванаесетте, донесени од страна на МВР во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, а поради сторени повреди во работењето.

OhridNews