Од Локалната самоуправа со предупредување до несовесните граѓани, кои не го почитуваат законот за јавна чистота дека против нив ќе бидат применети остри законски санкции.
– Општина Охрид, во согласност со Законот за патишта, преку надлежните служби, неодамна ги отстрани контејнерите за одлагање отпад, кои непрописно беа поставени на тротоарите и пешачките патеки. Тие беа поставени на соодветни места во близина на колективните стамбени згради, но несовесните граѓани ги поместуваат на тротоарите и отпадот го оставаат дури и на коловозите со што се создаваат мали депонии, велат од локалната самоуправа.
Контејнерите беа отстранети од пешачките и велосипедски патеки со цел непречено движење на пешаците и велосипедистите.
OhridNews