Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против 27- годишен полицаец во ПО за БПС „Струга“ за сторено кривично дело „примање поткуп“.

На 28- ми септември, околу 11 часот, кај месноста „Мороишки Мост“ во Струга од страна на пријавениот била извршена контрола на товарно возило „мерцедес“ сопственост на фирма, кое било управувано без патен налог и во кое била превезувана стока без документација.

Пријавениот, за да не преземе соодветни мерки кон лицето во возилото, воедно и  сопственик на стоката, побарал и примил поткуп од 2.000 денари.

OhridNews