Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против  двајцата полициски службеници во ПС за ГК Ќафасан РЦ Запад за сторено кривично дело „примање поткуп“. На 30.10.2011 година, на ГП Ќафасан, пријавените лажно прествувајќи на албанска државјанка дека  не може да и се дозволи излез поради наводно сторен прекршок,  од албанската  државјанка побарале и примиле поткуп во износ од 150 евра.

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе две кривични пријави уште против тројца полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот во Струга за сторени три кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2011 година, пријавените спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и покрај констатираниите сообраќајни прекршоци сторени од страна на три лица кои предизвикале сообраќајни незгоди, не поднеле соодветни прекршочни или кривични пријави против лицата, соопшти МВР.

OhridNews