Од министерството за труд и социјална политика најавуваат засилени инспекциски контроли и казни без селектирање за работодавачите кои не ги почитуваат дадените препораки поради високите температури.

Како што нагласи министерот Спиро Ристовски препораките мора да се почитуваат без разлика кој е работодавач, дали станува збор за приватен субјект, државна институција или локална самоуправа.

За работодавачите кои нема да ги почитуваат препораките ќе следуваат санкции согласно Законот за безбедност и заштита при работа.

OhridNews