Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 20 решенија против исто толку вработени во МВР поради сторени повреди во работењето.

Меѓу санкционираните се самостоен крим техничар и виш инспектор од СВР Охрид, на кои им се изречени парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните  четири месеци бидејќи  не постапиле совесно со средствата за работа и поставените работни задачи, соопшти МВР.

Ohridnews
извор: МВР