–Како министер за економија можам да кажам дека покрај намалувањето на ДДВ-то за туристичките услуги, подобрувањето на целокупната клима за подобар туризам, сега пристапивме кон нов правилник за категоризација на објектите што значително ќе ги подобри услугите што ги нудат хотелите. Исто така, како мерка за привликување туристи е и субвенционирањето на нискобуџетни авиокомпании, за што за наредните три години се издвоени 4,9 милиони евра, рече Сарачини.
Тој истакна дека на охридскиот аеродром, оваа година за прв пат се планира да има девет авионски летови неделно од кои три ќе бидат од земјите од Бенелукс
– Според информациите односно договорите кои ги имаме со туроператорите, од земјите на Бенелукс очекуваме, во Охрид да има просек од 700 туристи дневно, рече Сарачини.
Тој истакна дека за субвенциите за странски туристи, минатата година биле потрошени околу 800 илјади евра или вкупно 48.800.000 денари, а годинава за истата намена се издвоени околу 50 милиони денари.