Министерот за економија Ваљон Сарачини, викендов, претојуваше во Струга, каде оствари работна средба со градоначалникот Зијадин Села и туристички работници од струшкиот регион.

Министерот Сараќини му ја претстави на градоначалникот Села владината програма за поддршка на општините, а во текот на разговорот се договорија за реализирање на повеќе проекти за унапредување на туристичката понуда во Струга.

Градоначалникот  Села  изјави дека ќе се погрижи за подобрување на животниот стандард на стружани, и подобрување на условите за пречек на туристите.

Сарачини и Села се сретнаа со туристичките работници, кои ги запознаа со мерките кои би се презеле а се во корист на зголемување на бројот на туристи во Струга. Министерот Сарачини ја презентира владината мерка за субвенционирање на тур-операторите , кои зависно од каде носат туристи добиваат субвенции во вредност од 20 до 65 евра за секој турист кој ќе го донесат од странство.

Во текот на средбата Сарачини и Села, одговорија на сите прашања кои ги интересираа струшките бизнисмени, а одлучија кон крајот на месецот да се оствари една работна средба каде ќе присуствуваат претставници од локалната самоуправа и министерството за економија.

OhridNews
Макфакс