Искусниот стручњак Маурицио Сари ќе биде нов тренер на италијанскиот калчолигаш Лацио, пренесе фудбалскиот агент Фабрицио Романо.

Сари со „лацијалите“ потпишал двегодишна соработка, која може да продолжи ако тренерот ги исполне целите на клупската управа.

Поранешниот тренер на Јувентус, Челси и Наполи на клупата од Лацио ќе го замени Симоне Инзаги, кој се пресели во Интер.

  • Челси и ПСЖ во битка за Ашраф Хакими

Десниот бек на Интер, Ашраф Хакими моментално е топ на трансфер пазарот, бидејќи Челси и Пари Сент Жермен водат жестока битка за неговиот потпис.

„Сините“ оствариле директен контакт со застапниците на Хакими, додека „светците“ испратиле официјална понуда од 60 милиони евра.

„Нероазурите“ за десниот бек посакуваат 80 милиони евра.

OhridNews