Водечката екипа во Серија А, Јувентус не брилираше во двомечот со Милан во полуфиналето од Купот на Италија но успеа да се пласира во финалето. „Старата дама“ без победа благодарание на правилото гол во гости обезбеди учество во финалниот натпревар.

Пријатно сум изненаден како игравме, особено во првите 30 минути. Добро комбиниравме, не беше толку лошо. Беше чудно бидејќи игравме на празен стадион. Се опуштивме откако тие останаа со играч помалку. – изјави тренерот на Јувентус, Маурицио Сари.

Тој додаде дека лошо ги направил измените, кои место да го кренат темпото на игра тие начисто го опаднаа.

Малку бев изгубен кога се работи за измените. Глупаво постапив. Побарав три измени одеднаш, не ги распоредив добро. На тој начин го нарушив ритамот на екипата. Наредниот пат ќе морам подобро да планирам. – признава Сари.

Во финалето, Јувентус ќе го чека подобриот од Наполи – Интер. Првиот меч во Милано заврши во корист на Наполи со минимални 1-0.

OhridNews