Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари се коцкаше со составот и пропушти да победи на гостувањето во Лече ремизирајќи со домаќинот 1-1. Сари воопшто не го вклучи во тимот на Кристијано Роналдо кој одмараше а италијанските новинари не пропуштија прилика да го прашаат предводникот на Јувентус за неиграњето на хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ.

  • Можам да разговарам за играчите кои ми се достапни. Во овој момент да зборувам за Манџукиќ е бесмислено. – изјави Сари.

Манџукиќ уште од почетокот на сезоната не е во плановите на Сари. Хрватот, најверојатно во јануари месец ќе ја напушти Италија и ќе се пресели во Манчестер Јунајтед. Поранешниот хрватски репрезентативец има богата кариера настапувајќи за Волфсбург, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.

OhridNews