Вршителот на должност директор на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, Сашо Алче и официјално е нов член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, дознава OhridNews. Тој и пристапил на партијата на 10 мај и за претстојните предвремени парламентарни избори се става на располагање на Општинскиот изборен штаб на СДСМ.Тој смета дека ВМРО ДПМНЕ во континуитет го потценува Охрид и затоа ќе ги загуби претстојните избори во Охрид, како што тоа се случи на последните локални избори.
Сашо Алче, инаку близок соработник на градоначалникот Александар Петрески, беше член на Социјалистичката партија на Македонија -СПМ. Во два мандати ја извршуваше функцијата потпретседател на младинската организација, а во еден мандат беше член на Извршниот одбор на партијата. Тој вели дека активностите во СПМ ги замрзнал пред 7 години, а во иднина својот политички ангажман ќе го насочи кон СДСМ.
–Веднаш по пристапувањето во СДСМ прифатив партиски обврски и ќе бидам дел од Општинскиот изборен штаб, како и во неколку локални штабови, додава Алче.











