Сашо Блажес меѓу 76-те избрани уметници на 53. Premio Suzzara во Италија
28.09.26 09:19
Македонскиот визуелен уметник Сашо Блажес учествува на изложбата на 53. Premio Suzzara во Италија со делото „Scorched Reflection (Synthetic Geology)“, создадено во 2026 година. Блажес е меѓу 76-те уметници избрани од жирито за годинашното издание.
Изложбата „Terra bruciata. L’arte nell’Antropocene“ („Изгорена земја. Уметноста во антропоценот“) беше отворена на 20 септември во Museo Galleria del Premio Suzzara, во присуство на уметникот. Ќе биде достапна за посетителите до 9 јануари 2027 година.
Годинашната тема го разгледува човечкото влијание врз животната средина и преобразбата на пејзажот. Во своето дело, Блажес ја разработува површината преку додавање и отстранување слоеви, задржувајќи видливи траги од процесот на работа. Оваа постапка е дел од неговото истражување на времето, меморијата и промените во материјалот.
Основан во 1948 година, Premio Suzzara има долгогодишна традиција на поврзување на уметноста со општествените прашања.
Сашо Блажес е роден во Охрид во 1980 година. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот за уметности во Букурешт. Неговата практика опфаќа сликарство, инсталација и скулптура. Самостојно изложувал во Париз, Венеција, Грац, Букурешт, Берлин, Истамбул, Скопје и Охрид. Живее и работи во Охрид.
Во рамки на Меѓународната недела на глувите лица НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид успешно го реализираше проектот „Книгата зборува со сите – инклузивни читања со глуви и наглуви лица”, поддрж...
Џез Ин со големо задоволство ги најавува великаните на македонската џез сцена – Sethstat Скопскиот бенд Sethstat е еден од најзначајните и најдолговечни џез состави на македонската сцена Форм...
Од утре, вторник (2909) па се до петок (0210), Народен театар Охрид ќе биде центар на детската смеа и радост Претставата „Кловн” по текст на Кристина Тодороска Петреска и мотиви на „Се бара с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.