Сашо Блажес меѓу 76-те избрани уметници на 53. Premio Suzzara во Италија
28.09.26 09:19
Македонскиот визуелен уметник Сашо Блажес учествува на изложбата на 53. Premio Suzzara во Италија со делото „Scorched Reflection (Synthetic Geology)“, создадено во 2026 година. Блажес е меѓу 76-те уметници избрани од жирито за годинашното издание.
Изложбата „Terra bruciata. L’arte nell’Antropocene“ („Изгорена земја. Уметноста во антропоценот“) беше отворена на 20 септември во Museo Galleria del Premio Suzzara, во присуство на уметникот. Ќе биде достапна за посетителите до 9 јануари 2027 година.
Годинашната тема го разгледува човечкото влијание врз животната средина и преобразбата на пејзажот. Во своето дело, Блажес ја разработува површината преку додавање и отстранување слоеви, задржувајќи видливи траги од процесот на работа. Оваа постапка е дел од неговото истражување на времето, меморијата и промените во материјалот.
Основан во 1948 година, Premio Suzzara има долгогодишна традиција на поврзување на уметноста со општествените прашања.
Сашо Блажес е роден во Охрид во 1980 година. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот за уметности во Букурешт. Неговата практика опфаќа сликарство, инсталација и скулптура. Самостојно изложувал во Париз, Венеција, Грац, Букурешт, Берлин, Истамбул, Скопје и Охрид. Живее и работи во Охрид.
Факултетот за туризам и угостителство Охрид беше домаќин на 18 Меѓународна научна конференција за услужниот сектор – INSCOSES 2026 Конференцијата обедини истражувачи и професори од повеќе земји, со...
Утре, 29 септември 2026 година, е третиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ во Охрид Идните студенти можат да изберат триг...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 септември и се слави споменот на Светиот маченик Никита Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот В...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.