На 3 ноември 2026 година во Gallery MC во Њујорк беше отворена самостојната изложба „Trapped in the Nets“ („Уловени во мрежите“) на македонскиот визуелен уметник Сашо Блажес. Изложбата, која трае до 10 ноември, обединува слики од голем формат на синтетичко церадно платно и дела на алуминиум со примена на смола и мрежа.
Основа на овој творечки пристап е неговото повлекување од постојаните технолошки дразби во периодот меѓу 2019 и 2022 година, кога Блажес се свртува кон водите на Охридското Езеро — не само како мотив, туку како водечка логика на мислата и материјалот, користејќи го потопувањето како состојба и метафора за перцепцијата и спознанието. Неговиот творечки процес во ателјето го пресликува токму овој чин на потопување: тој преклопува, брише и одгрнува слоеви боја, дозволувајќи ѝ на суровата, индустриска површина на синтетичката церада, преклопената мрежа и алуминиумот да диктираат каде бојата ќе се таложи, а каде ќе се разлее, вели во текстот за изложбата, Иванчо Талевски.
Посочува дека Блажес гради површини за потоа намерно да ги оштети и еродира, доведувајќи ја секоја слика до самиот раб на колапс за да види што ќе остане.
Преку континуирано слоевито нанесување и делумно бришење, формите се раствораат во траги на памтење — слично како физичките белези од преживеаното искуство што избледуваат, но никогаш целосно не исчезнуваат. Излегувајќи надвор од рамките на рамниот ѕид, овие дела се обвиваат околу архитектонските структури за да стапат во дијалог со променливата светлина во просторот, при што секое дело носи во себе закопана историја во која скриените, еродирани слоеви активно го обликуваат сè она што е останато на површината, додава Талевски.
Сашо Блажес е роден во Охрид. Дипломирал ликовна уметност во 2006 година и магистрирал графика во 2008 година на Универзитетот за уметности во Букурешт. Неговата изложбена практика вклучува самостојни претставувања во Париз, Венеција, Грац, Букурешт, Скопје и Охрид. Од 2015 година работи како конзерватор за штафелајно сликарство во НУ Завод и музеј – Охрид.
Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство,...
Советот на Општина Охрид денес ќе ја одржи 18-та седница во зградата на Општината Советниците ќе расправаат за 60 точки меѓу кои тромесечните извештаи за работата и остварените резултати на локални...
Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h) Во Охрид времето денес променливо облачно ...