Актуелниот советник и координатор на советничката група на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев, ќе раководи со ЈП „Нискоградба“, неофицијално дознава OhridNews. Одлуката за неговото назначување се очекува да биде соопштена денеска. Донев на раководната функција во „Нискоградба“ ќе го замени Никола Икономов, кој во изминатите месеци беше вршител на должност директор.

Согласно статутот, Донев повеќе нема да може да ја извршува советничката функција, а неговото место ќе го заземе следниот на изборната листата на коалицијата „За подобра Македонија“.

OhridNews