Сашо Наков е номиниран за член на одборот на директори на „Хотели Метропол“, објавија неколку национални портали. За него ќе се гласа на вонредното собрание на акционерите на „Хотели Метропол“ закажано за почетокот на октомври.

Зад предлогот на Наков за новата функција стои „Фершпед“ како мнозински акционер во „Хотели Метропол“.

Се очекува Наков да биде избран за функцијата со оглед дека го предлага мнозинскиот акционер.

Сашо Наков e син на бизнисменот Штерјо Наков и на почетокот на годинава беше избран и во Управниот одбор на фабриката за чоколади и бомбони „Европа“.

OhridNews