Така одлучија 15- те присутни претставници на основните организации на одржаното редовно Изборно собрание на ООЦК- Охрид, на кое беа избрани и членови на раководни тела на организацијата .
Како што изјави за OhridNews, староновиот претседател на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков, во изминатиот период реализирани се голем број проекти, но останува уште многу да се направи и во периодот кој следува.
– Како и до сега општинската организација на Црвен крст ќе реализира бројни проекти наменети за ранливите категории граѓани, за превентивната здравствена заштита, за безбедноста на вода и планина, како и за едукација на населението за климатските промени што е тренд во целиот свет. Располагаме со кадар и средства со кои подготвено ќе се обидеме да се справиме со сите предизвици кои ни претстојат, изјави Точков.
За потпретседател на ООЦК- охрид е избрана Весна Терзиоска.
Во тек е одржување на изборни собранија и во останатите општински организации во Македонија, каде до 30 мај треба да бидат избрани нови раководни тела.