Второлигашот Охрид Лоте го назначи Сашо Велјановски за нов тренер на екипата. Велјановски доаѓа на местото на Јаким Бакулески кој го водеше Охрид во четири рунди.


Велјаноски официјалното деби на клупата ќе го има уште в недела кога “градежниците“ на домашен терен го пречекуваат Осогово.

По одиграни девет рунди Охрид Лоте е на 13-та позиција со девет бодови.

Мх.П.