
Научниците проценуваат дека сателитот ќе падне помеѓу 57 степени северна и 57 степени јужна географска ширина, растојание што горе долу го опфаќа целиот населен свет. Безбедни се само половите. Се претпоставува дека 26 големи парчиња од сателитот ќе минат низ атмосферата, а НАСА процени дека шансите некој дел да погоди човек се 1:3200.
Деловите од сателитот кои ќе паднат на Земјата ќе бидат тешки по околу 23 килограми, а некои и повеќе од сто, но поради големата брзина тие ќе бидат многу опасни. Научниците предупредуваат дека евентуалните парчиња од сателитот нема да бидат видливи, додека паѓаат. Истакнуваат дека е можно тие да одделат отровни гасови, и затоа ги предупредуваат луѓето да не се доближуваат до делчињата на растојание под 20 метри.
Некои научници проценуваат дека сателитот ќе падне во Индискиот Океан, но НАСА предупреди дека точната локација ќе биде позната едвај дваесетина минути пред пред падот. Одредени држави во светот, како Италија, им препорачаа на граѓаните да се воздржат од излегување оваа вечер поради опасноста делови од сателитот да паднат на територија на таа земја.
Сателитот е лансиран во 1991-ва на тригодишна мисија за проучување на озонското ниво во земјината атмосфера, а не е функционален од 2005-та.
OhridNews












