Сателити снимиле слаби електронски сигнали од исчезнатиот малезиски авион „Boeing 777-200“, меѓутоа тие не овозможуваат да биде лоциран воздухопловот и да се дозна е во каква состојба се наоѓа, пишува Reuters, пренесува „Макфакс“.

Според информацијата што ја објави во четвртокот навечер агенцијата, сигналите потекнуваат од системот за пребарување на неправилности, но целосни технички податоци не може да се добијат.

Авионот „Boeing 700-200″ на малезиската воздухопловна компанија „Malaysia Airlines (MAS)“ исчезна од радарите два часа по полетувањето од Куала Лумпур вечерта на 7-ми март над Јужното Кинеско Море.

Според Reuters, Белата куќа во четвртокот навечер соопштила дека можно е нова област на потрагата по исчезнатиот авион да бидат водите на Индискиот Океан.

„Така јас го разбирам она што на основа на некои нови информации, кои не мора да се убедливи, но според новите информации дополнително пребарување може да биде преземено во областа на Индискиот Океан. Ние сме во постојани консултации со меѓународните партнери за распоредување на адекватни средства“, изјавил портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

Карни притоа не го прецизирал карактерот на „новите информации“ забележува Reuters. САД инаку се вклучени во потрагата по исчезнатиот малезиски авион со неколку авиони и бродови на морнарицата.

„Има голем број можни сценарија, кои се разгледуваат, за она што се случило со авионот. Ние не сме во позиција, за жал, сега да даваме заклучоци за тоа што се случило. Меѓутоа, ние активно учествуваме во потрагата“, рекол Карни на редовниот брифинг во Белата куќа.

„Трагаме по информации, следејќи можни насоки, работејќи во тесна поврзаност со истрагата што ја води малезиската влада“, додал Карни.

OhrodNews
извор:„Макфакс“