Љубомир Савевски го напушти кормилото на македонската ракометна репрезентација. Савески не задоволен од последните случувања во македонската селекција и откажувањето на неколку играчи на Металруг одлучил да даде оставка.

По првиот тренинг од подготовките на репрезентација за настап во Романија, селекторот остана покус за дел од ракометарите на освојувачот на двојната круна Металруг.

Послушност на селекторот му откажаа браќата Мојсовски, Ангелов, Алушевски, Марковски и Георгиевски, кои велат дека нема да играт додека Савески е на “шеф” на македонската клупа. Миркуловски и Левов се повредени, додека Филип Лазаров, Ѓорѓоноски , Стоилов и Митрески го одработиле тренингот.

За в.д селектор поставен е битолчанецот Звонко Шундовски, кој ќе ја предводи репрезентацијата на турнирот трофеј Карпати во Романија.
OhridNews