Ракометарите на Охрид во рамки на првото коло од плеј-офот гостуваат во сабота кај екипата на РК Бутел во Скопје.
Го започнуваме плеј-офот со натпреварот против Бутел во Скопје. Неодамна одигравме натпревар со нив и знаеме што не очекува. Секој натпревар во плеј-офот значи многу, подготвени сме со цврста одбрана и паметна игра во нападот да стигнеме до нови бодови, вели ракометарот на ГРК Охрид, Давид Савревски.
Натпреварот се игра со почеток во 17 часот.
OhridNews












