„Припадниците на заедницата на Балканските Египќаните во Македонија се познати како мирни, мирољубливи и толерантни луѓе, така да обвинувањата на анонимното здружение „Светлина 2007“, покрај тоа што е траги-комично, во исто време е тендециозно и со прилична доза на говор на омраза кон Балканските Египќани во Охрид.
Египќаните, никого не асимилираат, ниту пак сакаат во нивните редови да приклучат неетнички елементи.
Сојузот на Балканските Египќани ги повикува граѓаните на Охрид, а особено припадниците на заедницата на Египќаните да не потпаѓаат под вакви и слични провокации, кои можеби ќе зачестат за време на пописот на населението, становите и домаќинствата во 2011 година“.-се вели во реакцијата на Сојузот на Балканските Египќани во Македонија.
СБЕ: Египќаните никого не асимилират
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com