Вработени во општинската администрација веќе 9 месеци незаконски, непрофесионално и сосема непотребно се преместени да работат во село Косел. Приморани се секој ден да патуваат од Охрид до Косел и назад, да седат во објект на поранешна општина Косел,немаат никакви услови за работа, ниту имаат конкретни работни задачи, а за патувањето до работното место во Косел, не им се покриени патни трошоци, велат од општинската СДСМ.

– Поради ваквото поигрување од општинската власт и градоналачникот Никола Бакрачески, овие вработени секојдневно трпат малтретирања и понижувања од страна на општинската администрација.Во Косел се префрлени стручни работници, од одделението за соработка со меѓународни организации, одделението за збратимени градови, екологија и неколку возачи. Оправдувањата за префрлувањата од градоначалникот и власта се наводни средби со граѓани. За какви средби со жителите на Косел станува збор, кога до сега не е одржана ниту една средба со нив? Најавени се оценки, извештаи и анализи за работата на овие вработени, но ним воопшто не им се даваат никакви работни задачи, рече на денешната прес конференција Александар Кузески од ОО на СДСМ .
 
Кузески праша дали целта е отворање простор за партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ. При тоа упати апел да прекине малтретирањето на општинските работници во општина Охрид.

OhridNews