Апсурдно е некој воопшто да помисли дека е можна амнестија за нарачателите и извршителите на крвавото насилство во Парламентот, велат од СДСМ.

– Барањата за амнестија до Ѓорге Иванов кои доаѓаат од организатори и мотиватори на протестите како и денешното оправдување на ВМРО-ДПМНЕ на насилствата, во официјално партиско соопштение е класична потврда дека Груевски, Иванов, Вељаноски и Чавков стојат зад организираното насилие во Собранието. Спроведен е организиран обид за убиство на пратеници, а загрозена беше и безбедноста на новинари и вработени во Собранието, велат од СДСМ.

Додаваат дека направено било тешко кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност, за што ќе има одговорност.