Од општинската СДСМ со обвинувања до градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ дека во пресрет на локалните избори повторно манипулираат со жителите на Лескоец.

– Цели четири години Бакречески ветуваше фекална канализација во Лескоец со што би се решила една од најважните потреби на жителите на ова место, но како и сите други празни ветувања и ова ветување остана неостварено. Жителите на Лескоец паметат дека требаше да добијат функционална фекална канализација уште во 2016 година, но за ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески многу поважни беа плоштатчињата и пешачките патеки низ градот, велат од ОО на СДСМ.

Оттаму, додаваат дека жителите на Лескоец не ги забораваат ниту проблемите со канализацијата и водоснабувањето, ниту прашината и калта.

– Оваа локална самоуправа не беше заинтересирана да им ги решава проблемите, туку да им создава нови. Наместо да го асфалтира второто најголемо населено место во Охридско, Бакрачески асфалтираше козји патеки, се наведува во соопштението на СДСМ.

OhridNews