СДСМ бара да биде разрешен директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, кој според оваа партија треба да понесе одговорност за своите постапки. За случајот музеј-црква кој вчера кулминираше со тепачка помеѓу Албанци и Македонци на скопското кале, СДСМ одговорност бара и од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и од нејзиниот заменик Џевад Бучи.

СДСМ исто така бара мораториум за изградба на сите објекти кои предизвикуваат меѓуетнички тензии и верска нетрпеливост, а кои Владата ги гради со буџетски средства.

OhridNews