
„Со законот за изменување на Законот за основно образование, бараме укинување на екстерното тестирање. Овој т.н. проект на Владата наместо да го подобри квалитетот на образованието, драстично го влоши со што нанесе штети како на образовниот процес, така и на учениците и наставниците. Децата ни се изложени на непотребни стрес, страв, паника што влијаат на нивната емотивна состојба и може да остават последици во психолошкиот развој“, рече Горан Сугарески, пратеник и координатор на пратеничката група на опозицијата во Собрание.
Според него, со измените на Законот за зголемување на минималната плата, се предлага да се зголеми постоечкиот износ од 9.590 денари на 11.000 денари.
„Оваа законска измена ќе помогне на граѓаните со ниски примања. За првпат и вработените во одделите со најниски плати ќе добијат минимална плата во полн износ. Целта е да се обезбеди повисок износ од минимална плата на сите работници во земјава, којашто работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа со полно работно време и исполнет нормиран учинок“, рече Сугарески.
Тој најави и дека ќе предложат измени во Законот за буџетите.
OhridNews
извор Макфакс











