Единствен непријател на граѓаните на Република Македонија е криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое во обид за сопствен спас сака да ја жртвува иднината на граѓаните и државата, велат од СДСМ.
– Не е љубов и не е патриотизам да ги погазуваш и да ги уништуваш институциите на државата. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ 10 години, тоа го прават пратениците на Груевски и денес, блокирајки ги демократските процеси преку блокадата на Парламентот. Не е љубов кон народот, ни патриотизам кон државата да не ја почитуваш мнозинската волја на 700.000 граѓани кои избраа правда и промени. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ е насилие врз граѓаните и сопствената земја, саможивност и себичност. Никола Груевски не е народот, како што не е ни ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Повторуваат дека неопходен е мирен трансфер на власта.
OhridNews